ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И УРБАНИЗАМ



КОРИСНИ ЛИНКОВИ
ЗА НАС




РЕЗИМЕ

 

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Северна Македонија согласно член 128 и член 146 од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 59/11, 13/12, 39/12, 144/12, 25/13, 70/13, 79/13, 137/13, и 163/13, 27/14,28/14,42/14, 115/14, 149/14,187/14, 44/15 ,129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16 и 132/16); спроведува инспекциски надзор врз објекти од прва категорија, кои уредува дека, при вршење на инспекцискиот надзор градежниот инспектор е должен да провери дали управните акти издадени врз основа на овој закон се во согласност со истиот и доколку утврдат дека издадениет акти се спротивни на овој закон должни се да поднесат писмен предлог до органот кој го донел актот за поништување на истите, како и инспекциски надзор над овластените инспектори во Единиците на локалната самоуправа, кои согласно член 131 став 4 се надлежни за надзор на објекти од втора категорија во кои член е уредено дека градежниот инспектор при вршење на инспекцискиот надзор проверува дали овластениот градежен инспектор ги врши работите согласно овој закон.

Согласно член 88 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16) урбанистичкиот инспектор врши инспекциски надзор врз урбанистичко планска документација согласно член 7 став (2) од законот и тоа во зависност од видот на градбата која е предмет на планирање се контролираат следните видови на урбанистичко планска документација и тоа:

 

  • Локална урбанистичко - планска документација;
  • Државна урбанистичко - планска документација;
  • Урбанистичко - планска документација за туристичко развојна зона;
  • Урбанистичко - планска документација за автопат;
  • Урбанистичко - планска документација за градби од посебен интерес и инспекциски надзор врз урбанистичко – проектна документација.


Согласно член 88 став (2) од овој закон субјектот на инспекциски надзор е органот кој ја одобрил урбанистичко – планската документација односно урбанистичко – проектната документација.

 

 

 



ПРИЈАВИ НЕПРАВИЛНОСТИ
02 3226183
Регистри
За Нас
Јавни набавки
Инспекциски служби
ТЕКОВНИ ИНФОРМАЦИИ / НАСТАНИ
Find us