Skip to main content

Директор

ФАТМИР АРИФИ
Дипломиран економист
в.д.ДИРЕКТОР на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Роден на 09.05.1962 година во с. Грачани, Република Северна Македонија
Оженет, татко на четири деца.
Државјанин на Република Северна Македонија
ОБРАЗОВАНИЕ
Основното образование го завршил во Основно училиште „Јоаким Крчоски“ во с.Грачани во периодот од 1970 година до 1978 година;
Средното образование од 1978 година до 1982 година го завршил во СУГСГ „Зеф Љуш Марку“ какде се стекнал со средна стручна спрема гимназиска насока.
Високо образование на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје го завршил на ден 10.11.1987 година од каде се стекнал со стручен назив Дипломиран економист – насока економска политика и развој.
РАБОТНО ИСКУСТВО
Професионалната кариера ја започнува во ТПТ „Техно-Промет“- Скопје и тоа во период од 1987 година до 1991 година на работно место Раководител на Сектор за план и анализа каде врз основа на успешност е унапреден во Директор на Секторот за финансии и тоа во период од 6 (шест) години односно од 1991 година до 1996 година кога и го завршува професионалниот ангаржман во наведената фирма.
Во период од 1996 година се вработува како Комерцијален Директор во фирмата Општествено претпријатие за промет на големо и мало „Сутјеска Промет“ – Скопје каде работи до 2003 година .
Во 2003 година по пат на јавен оглас е вработен на работно место Раководител на Секторот за финансии во ЈУ Завод за социјални дејности при Министерство за труд и социјална политика до 2008 година.
Од 2008 година до 2020 година е Директор во Друштвото со ограничена одговорност „ГРАПРОМ“ Дооел од Скопје.
На функцијата вршител на должност Директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам е назначен на ден 27.10.2020 година со Решение за именување бр.20-10106/1 од 27.10.2020 година и до денес успешно ја извршува оваа функција.
ДРУГИ ПРОФЕСИОНАЛНИ АКТИВНОСТИ:
– Член на „Здружение Ловечко друштво ФАЗАН “ од Скопје од 2006 година
– Учествувал на бројни национални и меѓународни семинари и обуки, конференции и предавања од областа на економијата ;
ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИЦИ:
– Албански јазик(мајчин)
– Македонски јазик
– Француски јазик
КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ:
– Солидно компјутерски образован, вклучувајќи користење на Windows и MS Office пакетот .

Кратка биографија