09-ип1-24 Решение Охрид

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам спроведува инспекциски надзори согласно своите надлежности над прва категорија на градби односно градби од значење за Републиката.

Градбите кои се во старо градско јадро во Охрид и не се во согласност со законските прописи најстрого се санкционираат.
Како инспекциски мерка запирање на градежни активности односно затварање на градилиште претставува и овој објект кој во согласност со законските прописи и донесеното Решение физичкото лицетреба да го отстрани и објектот да го врати во првобитна состојба воутврдениот рок.

Со почит,

Државниот градежен инспекторат, согласно задолжението од седницата на Владата, одржана на 19 август 2025 година, изврши вонредни инспекциски надзори над работењето на правните лица кои се носители на Уверение за оператори на спортски аеродроми, овластени од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

При надзорот над работењето на правното лице ДВТ Аероклуб Скопје ДОО Чучер Сандево, како оператор на спортскиот аеродром Стенковец (LWSN) констатирани се низа неправилности во однос на градбите, односно констатирано е дека на лице место постојат објекти кои се дивоградби, а во истите се организирале настани (свадби, прослави, други активности) и за истото од страна на Државниот градежен инспекторат донесено е Решение за отстранување на беспревно изградените објекти.

Исто така изречена е забрана за користење на салата за свадби, терасата и апартманите, за организирање на музички концерти, редендени и свадби бидејќи претставуваат непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето.

Државниот градежен инспекторат останува посветен на работата и ќе продолжи со акции против бесправно изградените објекти.

Решение на ДИГУ

Решение за престанок на работен однос, без отказен рок

Писмена опомена

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза и затоа се воведуваат мерки со времетраење од четири дена, почнувајќи од утре: 13, 14, 15 и 16 јули 2023 година (четврток, петок, сабота и недела).

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на  обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Преземено од МТСП

Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видеоконференциска интернет комуникација ја одржа 70-та седница на која, беа донесени препораките за намалување на ризиците од високи температури, во времетраење од два дена, 18-19.8.2022 година (четврток и петок).

На укажување од Министерот за здравство, дека според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи во следните два дена, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза, Владата ги донесе следните препораки:

1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

2. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран возраст, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

5. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци:

Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките,

Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот,

Оваа мерка да биде со времетраење од два дена, до натамошно одлучување,

Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.

Извадок од нацрт записник од петнаесетта седница од Влада на Република Северна македонија одржана на 10 март 2020

По прогласувањето на портокалова фаза на територијата на цела држава до 14 август годинава, поради топлотен бран, Министерството за труд и социјална политика ги повикува правните субјекти да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство донесени врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури. Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Истовремено Министерсвото за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.

Превземи Препораки
Со Решение на Влада на Република Македонија бр. 24-8230/1 од 22.08.2018 година вршител на должноста Директор на Инспекторат за Градежништво и Урбанизам на Република Македонија се именува г-дин Локман Љимани. (more…)

Со Решение на Влада на Република Македониј број 24-2374/1 од 20.02.2018 година , за директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, орган во состав на Министерството за транспорт и врски се именува г-дин М-р Боре Еркечов д.г.и, досегашен в.д директор на Инспекторатот.

(more…)