Skip to main content

За нас

Резиме

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам како орган во состав на Министерство за транспорт и врски,  согласно  измените и дополнувања на Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија бр. 50/10, 162/10, 157/11, 147/13, 41/14, 33/15, 193/15, 53/16,11/18,83/18 и 120/18) се стекна со својство на правно лице, со сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно со закон и одлучува со правата и обврските од работен однос, што значи проширување на надлежноста и зголемување на одговорноста во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија.

Со Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, раководи Директор кој го назначува Владата на Република Северна Македонија. Со работата на секторот во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, раководи раководител на сектор, а во негово отсуство го заменува помошникот раководител на сектор. Со одделенијата раководат раководителите на одделенијата, а во нивно отсуство ги заменува еден од стручните државни службеници со највисоко звање во одделението.

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам врши инспекциски надзор на територијата на Република Северна Македонија и тоа директна надлежност за објекти од прва категорија и контрола на овластени градежни инспектори  во Единиците на локална самоуправа (кои се надлежни за објекти од втора категорија), кои инспекциски надзор се спроведува согласно:

  • Закон за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 59/11, 13/12, 39/12, 144/12, 25/13, 70/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14,28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14. 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.244/19, 18/20 и 279/20) и прописите донесени врз основа на истиот закон;
  • Закон за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17, 64/18 и 168/18);
  • Закон за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.32/20) и прописите донесени врз основа на истиот закон;
  • Закон за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија бр.102/19) и прописите донесени врз основа на истиот закон ;
  • Закон за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15) и прописите донесени врз основа на истиот закон;
  • Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19)и
  • Закон за постапување по претставки и предлози („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/08, 56/09, 13/13, 156/15 и 193/15) и прописите донесени врз основа на истиот закон.

Целите се остварливи со примена на начелата во градежништвото за изградбата на градбите кои се од значење на Републиката, а во урбанистичко планирање: преку интегрален начин во планирањето, грижа и развој на регионалните особености, остварување на јавниот интерес и заштита на приватниот интерес, јавност во постапката за изработка, донесување и спроведување на плановите, инклузивност и партиципативност во постапката, хоризонтална и вертикална усогласеност и координација во планирањето, уважување на  стручно утврдени факти и стандарди.

Работите на инспекциски надзор над примената на Законот за градење и прописите донесени врз основа на истиот закон ги вршат градежни инспектори на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, кои се надлежни да вршат инспекциски надзор над градби од прва категорија. Градежниот инспектор при вршењето на инспекцискиот надзор проверува дали овластениот градежен инспектор при општината ги врши работите согласно со истиот закон.

Согласно Законот за урбанистичко планирање ДИГУ преку урбанистичките инспектори проверува дали постапките за изработка, донесување и спроведување на урбанистичките планови се спроведени согласно одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на него.