Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам продолжи со акции во борба против бесправното градење.
Во денешната акција затекна објект кај кој се најдени големи број на нерегуларности на позитивните законски прописи уредени согласно Закон за градење со цел да се заштитат законските одредби, животот и здравјето на градежните работниците вклучени во изградбата на овие објекти и на граѓаните воопшто.
Акцијата беше спроведена на територијата на Општина Сарај.
Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Г. Зухејр Реџепи даде налог за спроведување на инспекцискиот надзор.
Во прилог фотографии од денешната спроведена акција која ќе продолжи во наредниот период.