Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам во денешната акција постапувајќи силно во борба против бесправното градење затекна голем број на објекти кои не поседуваат соодветна законска документација потребна за изградба на објект.
Акцијата беше спроведена на територијата на Опшина Шуто Оризари.
Огромен број на поплаки и претставки од граѓани жители како и барања од Основно Јавно Обвинителство имаше во Инспекторатот во изминатиот период, а се однесуваат на општина Шуто Оризари со што Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Г. Зухејр Реџепи даде налог за спроведување на инспекциски надзор.
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам има за цел да се справува со дивеењето на урбаната мафија која долг период владее во Општина Шуто Оризари.
Во прилог фотографии од денешната спроведена акција.