ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ СО ГРАДЕЖНИ РАБОТИ
за градби од прва категорија категоризирани согласно Закон за градење
Врз основа на член 67 став 1 од Закон за градење инвеститорот е должен писмено да го пријави започнувањето на изградбата до надлежниот орган, градежната инспекција и инспекцијата на трудот, пред започнувањето на изградбата. Во известувањето инвеститорот е должен да ги назначи изведувачот и правното лице за вршење надзор со определен надзорен инженер. За секоја настаната промена на учесниците во изградбата во текот на градењето, инвеститорот е должен во рок од седум дена од настанатата промена да ги извести надлежните органи