Во четврток на 07.09.2017 год. Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) оставри средба со Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инжинери проф.д-р Миле Димитровски. На средбата покрај првичното запознавање и изразената желба за соработка се разговараше околу можноста за вклучување на претставници на Комората во процесот на носење на нов Закон за градење и нов Закон за просторно и урбанистичко планирање. При тоа беше договорено инспекторатот да земе учествона претстојната средба на Генералното собрание на Европската асоцијација на комори (ECEC) која ќе се одржи на 21.09.2017 год. во Скопје.