Skip to main content
Соопштенија

Работилница за реформа на групата закони кои го уредуваат планирањето

By септември 20, 2017јуни 3rd, 2020No Comments

На 19.09.2017 година во организација на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инжинери се одржа „Работилница за реформа на групата закони кои го уредуваат планирањето, развојот и контролата на изградбата на просторот“. Иницијативата е поддржана од страна на Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање.

На средбата присуствуваа околу 50 претставници од дваесетина различни институции (Влада на РМ,Министерство за транспорт и врски, Министерство за култура, Министерство за животна средина и прострно планирање, Инспекциски совет, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Комора на овластени архитекти и овластени инжинери, Овластени градежни и урбанистички инспектори, Градежен факултет,  Архитектонски факултет, Стопанска комора на градежници, Агенција за катастар и недвижности, Асоцијација на архитекти, Агенција за просторно планирање)  при што беше договорено да се формира координативно тело кое ќе го води професорот од Архитектонски факултет Мирослав Грчев. Во координативното тело ќе влезе по еден претставник од секоја институција, кој пак во рамки на својата институција ќе отвори дебата за опфатот, обемот и динамиката на законските измени.

Договорено е за 5-7 дена да се подготви акционен план кој ќе биде доставен до учесниците. Динамиката на работа ќе се одвива во два дела и тоа: прва фаза итни законски реформи во која ќе се исчистат сите противречни одредби и втора фаза или оперативно детализирање и усогласување на целокупната законска регулатива.

Се очекува оваа обемна постапка да трае околу една година.